sinisa pekevskifinalДенешнава колумна ќе ја започнам со прашање – Колку вредиме денес?

Идејата за ова ми дојде од настапот на нашите кошаркари на европското првенство во кошарка во Словенија и успехот (неуспехот) кој го имаа таму. Мојата цел не е да критикувам или после битка генерал да се правам, целата ми е да покажам дека не се живее од минатото, дека не се живее од успесите кој сме ги постигнале во минатото, не треба да се живее во илузија ако сме постигнале некаков успех во минататото, тој успех ке не држи цел живот. За да бидеш добар треба постојано да се докажуваш и добар си онолку колку што си добар во моментов.

За да бидеш на врвот и за да имаш успех, мораш постојано да работиш, да се трудиш, да бараш нови и нови начини да ги подобриш своите перформанси и да бидеш конкурентен на теренот (пазарот) со останатите. Тоа е она што треба да го правиме сите ние кои се натпреваруваме секојдневно на теренот, нема никој да дојде и да рече, ааааааааа браво ти тогаш и тогаш направи ова и ова и затоа јас ке ти го отстапам своето место, нема да се натпреварувам со тебе и ти ке победиш во оваа битка, тоа верувајте нема да се случи. Зошто го зборувам сето ова. Па затоа што ова е нашиот стил на живеење, наша некоја матрица која си ја имаме и која веројатно постајано ни ја вметнувале додека сме учеле, студирале, живееле и наметнале нашите родители, образованието, општеството. Затоа и веројатно толку многу им се радуваме на некои ретки успеси кои ни се случуваат и кој не опијануваат и даваат некоја розовоа слика дека така ќе биде и во иднина. Но таа иднина брзо не стига и ни покажува дека не е баш така, дека не се живее од кртакотрајни резултати и случајни успеси.

За да го промениме сето ова мора да почнеме од почеток, уште од најмала возраст, да се почне со едукација и за вградување победнички менталитет кај младите и кој постојано треба да го има во образовниот систем. Треба да се вметне претприемништвото уште од основното образование, да се учат и едуцираат луѓето уште од најмала возраст дека постојано треба да работат, дека постојано треба да се едуцираат, дека постојано треба да се надградуваат и да не се задоволуваат со мали успеси. Треба да им се вметне на луѓето дека само така успесите ќе дојдат и за да ги задржиш тие успеси еднаш кога ќе ги имаш, потоа треба дупло повеќе да се трудиш, а не да живееш на слава од минатото.

Малку да се вратам на бизнисот и да го поврзам со тоа што го зборував.

Деновиве читав дека Nokia ќе престане да произведува телефони и ќе се фокусира кон ИТ технологии, потоа Blackberry ќе отпушти околу 4500 свои вработени низ фабриките и канцелариите што ги имаат во светот. Ако се вратиме неколку години наназад ќе видиме дека тие беа лидери во светот на комуникацијата и продажба на телефони, но наместо да ги следат новите трендови и технологии веројатно спиеја на успехот кои го имаа во моментов и видете кај завршија.

За крај, претседателот на ХОТАМ излезе во медиумите и рече дека оваа туристичка сезона била полоша од минатата и резултатите биле исто така полоши, а како една од причините ја наведе каснењето на владата во плаќањето на субвенциите во туризмот. И после сакаме туризам кога чекаме од владата да ни дава помош и субвенции за да туризмот живее. За да не излезе дека само критикувам за време на сезона, еве претставници на туризмот во Македонија, мислете и работете уште од сега за наредната сезона, што ќе направите денес за да имате добра сезона. Користете услуги на лица кои тоа им е специјалност за да имате успех.

 

Медија

Ohrid.