sinisa pekevskifinalВо минатата моја колумна пишував за работењето на македонските компании на пазарен принцип и дали воопшто нашите компании знаат да работат на тој принцип. Во оваа денешна моја колумна само ќе се надоворзам на тоа. Насловот на колумната е социјализам и социјалистичко општество.

Според мене ние треба да се вратиме назад во тоа општество бидејки очигледно е дека не можеме да се снајдеме во капитализмот и на принципите на пазарното опшетство. Сега еден куп луѓе ќе ме нападнат и ќе речат што тропа и зборува глупости овој млад дечко, како тоа мисли ние да се вратиме во социјализмот во едномието и сл, па за што се боревме. Епа вака, еве зошто мислам дека за Македонија и македонскиот народ тоа е најдоброто решение.

Пред едена недела имав презентација за претприемништво пред средношколци во еден град во Македонија. Во текот на презентацијата ги запрашав младите колку од нив сакаат да имаат свој бизнис. Од давесет и неколку слушатели, само двајца срамежливо одговорија дека сакаат да имаа свој бизнис, а сите други одговорија дека сакаат да работат во државната администрација, не јавна туку државна работа да имаат. На моето прашање зошто сакаат да имаат државна работа, ми одговорија дека најдобро е така, дека 8 часовно работно време, сигурна плата, не се работи баш многу, осигуран си и сл. Не бев запрепастен бидејки знаев дека голем дел од нашата младина размислува така, но не знаве дека процентот е толку голем.

Не ги обвинувам тие млади луѓе, нема зошто, кога секојдневно се бомбардирани и им се вметнува размислувањето дека најдобро е да се има државна работа. Тоа потекнува од нивните родители, околината, медумите од кои се информираат. Како и би размислувале поинаку кога веќе не знам по кој пат го зборувам и пишувам ова, дека нашите македонски бизнисмени 24 часа бараат помош од нашата влада и држава, 24 часа кукаат како не можат они сами да се снајдат и да работат профитабилно и 24 часа бараат државата, читај владата да им даде работа, субвенции, тендери и сл како би можеле они да продолжат да работат. И сега кај е тука социјализмот, епа очигледно е, зошто би имале приватни фирми кога власта може да ги менаџира сите компании, зошти би имале приватно здравство кога сите сакаат да работат во јавно здравство, зошто музичарите да продуцираат и инвестираат во свои мелодии кога државата може да им даде пари да прават мелодии, зошто би имале приватни медиуми кога сите се трудат да влезат под јавната капа. Најдобро е да си се вратиме на поранешното општество, владата се да контролира и менаџира и ние ќе се спиеме раат. Наједноставно е, зошто некој би се мачел да мисли, да иде напред, да бара решенија, да си го подобрува животот во секој смисол, кога може наједноставното решено, работи си за државата, не размислувај многу, не работи многу, биди си кул.

Не сакам некој погрешно да ме свати, но навистина го мислам ова. Мачно ми е веќе да гледам кога сите запнале само владата и власта да им помага, да им најде работа, да им даде бизнис, да им даде пензија, пари. Зарем до толку не може да се погледне малку напред и некој да побара да му се овозможи да се доквалификува, преквалификува, да се сработи нешто, обучи, да побара стручна помош, совет или најлесното барај само. Отворете интернет и барајте решенија за својот бизнис, за својата работа, за својот живот. Дај веќе да тргнеме напред, а не да се враќаме назад во социјализмот.

Медија

Ohrid.