sinisa pekevskifinalДневник, 15.01.2012

Што Ќе мислат тие туристи што останаа завеани и плус неколку дена и што Ќе помислат тие што требаше Нова година да Ја поминат на Пелистер, мислите Ќе се вратат некогаш пак. Kакви се тоа зимски центри кои не можат да обезбедат елементарни услови, проодни патишта, па сигурно снегот не наврнал пет метри за еден час, туку постепено паЃал.

По некоја логика, од моментот на паЃање снег се вклуЧува механизација и таа постоЈано работи бидеЈЌи се кратки релации или согласно со нашата логика, Ќе Чекаме да падне целиот снег, па потоа поЧнуваме со расЧистување на истиот Во оваа колумна предвидено ми беше да пишувам за брендовите бидејќи, според мене, нема македонски брендови, но некои временски случувања (замислете паѓање снег во зима) ме принудија да пишувам повторно за туризмот во Македонија. Во мојата прва колумна во прилогот за економија на „Дневник“ пишував за туризмот и во еден пасус сум напишал: „Македонија има можност да стане важна европска туристичка дестинација доколку го изгради и го постави имиџот на земјата како туристичка бренд-дестинација базирајќи специфични туристички производи, кои сегментираниот пазар ќе ги апсорбира. Kога ќе кажеме Македонија во туристичка смисла, тоа не треба да значи само Охрид и евентуално Скопје, таа треба да значи и Струга, и Kрушево, и Шар Планина, и Берово, и Тетово, и Kокино, и Чочев Kамен и Шарена џамија. Имаме огромен потенцијал да се развиеме како туристички бренд, но потребна е и да ја имаме вистинската стратегија за маркетирање и за промовирање на тие атракции и особености што ги имаме и по кои се разликуваме од другите туристички дестинации“. Зошто сега пак за туризмот? Па паѓањето огромни количества снег на планините Пелистер и Kожуф ги завеа туристите кои беа таму, а тие што имаа намера да зимуваат или прослават Нова година во овие зимувалишта да ги откажат своите аранжмани бидејќи патиштата се непроодни. НЕ МОЖАМ да сфатам, бараме снег, во доволни количества, имаме природни услови за зимски туризам и одеднаш кога ќе падне снегот, се кочиме, велиме леле, мајко, а сега што ќе правиме со толку снег. Вака ли ќе тераме туризам, замислете нудиме зимски туризам, а немаме патишта до таму, но да не зборуваме за механизација за расчистување на патиштата. Што ќе мислат тие туристи што останаа завеани и плус неколку дена и што ќе помислат тие што требаше Нова година да ја поминат на Пелистер, мислите ќе се вратат некогаш пак. Kакви се тоа зимски центри кои не можат да обезбедат елементарни услови, проодни патишта, па сигурно снегот не наврнал пет метри за еден час, туку постепено паѓал. По некоја логика, од моментот на паѓање снег се вклучува механизација и таа постојано работи бидејќи се кратки релации или согласно со нашата логика, ќе чекаме да падне целиот снег, па потоа почнуваме со расчистување на истиот. ШТЕДИМЕ. С` се сведува на тоа да бараме туристи, а молиме да не ни дојдат. ВТОРА работа поврзана со тој наш туризам се нашите монополи, замислете падна снег, фатија студови и веднаш половина Македонија нема струја, бандери паднати, кабли замрзнати, оштетени трансформатори и слично. Ме интересира, инвестираат многу средства во реклами, просто се досадни веќе колку ги има во сите медиуми, а нивната мрежа е во лоша состојба. Можеле ли дел од тие пари да ги инвестираат, да ги пренаменат во нивната мрежа? Нормално можеле, ама тие се решени да градат имиџ во медиумите. БРАВО. И сега повторно се враќаме на истото, кои туристи ќе очекуваме да дојдат во Македонија, кога во шпицот на сезоната патиштата се непроодни, нема струја или ја има повремено во тој период кога с` стои. Веројатно само оние што сакаат екстремен туризам. ПРАШАЊЕ до засегнатите, кога правеле бизнис-план, а се надевам правеле, дали во нивната анализа ги предвиделе овие работи и начини на нивно решавање и воопшто дали имаат бизнис-план. За да тераме туризам, треба да бидеме спремни за тоа или пак с` ќе правиме на нашиот добро познат македонски начин, импровизирајќи.

Медија

Ohrid.