sinisa pekevskifinalДенеска ќе пишувам за претприемништвото и претприемачкиот дух во Македонија, и намерно го потенцирам ова претприемништво, а не претпреимаштво. Постои ли во Македонија и претприемништво, и дали тоа се врзува само за млади. Па не! Генерално и на моја голема жалост, во Македонија младите луѓе се најмногу заинтересирани и имаат препоголема желба да работат во државна администрација или локална администрација отколку да имаат свој бизнис, да стартуваат свој бизнис и да работат за себе.

За жал тоа е суровата вистина која не опкружува и е причина зошто во моментов се наоѓаме во оваа позиција, која не е розова. Младите се повеќе заинтереисрани да имаат сигурни приходи, макар и тие биле минимални, отколку да земат и работат приватно и заработат многу повеќе.

Каде се причините за тоа? Зошто е тоа така се повеќе и повеќе?

Основна причина е тоа што кај нас воопшто не постои претприемничка култура, уште помалку претприемачки дух и многу малку се посветува вниамние, време и ресурси, да не кажам пари како би се потикнало и стимулирало претприемништвото, посебно помеѓу младите луѓе. Како и би можело да се стимулира претприемништвото, како да им објасниш на посебно младите да започнат со свој бизнис кога имаме министри со 27-28 години, амбасадори со неполни 30 години, директори со 23-24 години, итн, итн. Пробајте да ги поттикнете тие луѓе кога во реалноста нешто друго се случува, па и да очекувате да ви поверуваат и да го сторат тоа. Следствено на тоа луѓето се преоптоваруваат со дневна политика, и повеќе се грижат које премиер, кој министер, што зборуваат тие, повеќе се грижат да ги бранат или напаѓаат политичарите бидејќи познанството со нив, роднинската поврзаност или пак партиското одработување може да им помогне многу повеќе.

Фокусираноста кон таа определба наместо истото време, посветеност и енергија да ги посветат на тоа да се доедуцираат, стекнат некоја дополнителна вештина или да бараат начин како да заработат некој денар повеќе ги дава очајните резултати кои ги имаме на тоа поле. Вниманието е свртено кон тоа како да влезат во политика и да станат некој и нешто и преку тоа да се стекнат со високи приходи и богатсвато или пак од друга страна да влезат во политика и со самото тоа да си обезбедат работно место во државната администрарција, каде ке имаат сигурна работа, сигурни примања, осигурани и на крајот од краиштата место каде нема да работат многу, а ќе заработуваат. И како последна голема причина која поради која младите се повеќе заинтересирани за државна служба ја гледам во образовниот систем.

Едноставно предметот претприемништво готово и да го нема во наставата, а пак и да не говориме за тоа самиот наставен кадар да го потикнува тоа помегу учениците и студентите. Еве има некои обиди и се учи претприемништво, посебно на факултетите. Но се е тоа џабе, кога тие што го предаваат тоа, појма немаат што е претприемништво, што е бизнис, туку само сува теорија. Тие што предаваат претприемништво, никогаш и не излегле да сработат нешто, па би било и глупо да очекуваме дека на тие што им предаваат ќе им пренесат некое вредно знаење.

Доколку навистина се сака луѓето да се заинтереисраат за водење своја компанија и свој бизнис, наместо да работат во државаната администрација, треба тој процес да се започне уште во основното образование и тој претприемачки дух и култура да им се втемелува уште од мали. Тоа треба да го прават искусни луѓе, оние кои тоа го искусиле во реалноста и кои знаат што значи да се бориш на пазарот секојдневно, се останато е само млатење празна слама.

Затоа и за огромен дел од јавноста зборот претприемништво е еднаков на зборот бизнис, што е далеку од вистината.

 Синиша Пекевски

 

Медија

Ohrid.