Biznis Plan

Секогаш, ама баш секогаш треба да имате бизнис план, по можност напишан од ваша страна

Колку и да сте ентузијасти за вашиот мал бизнис тој нема да биде успешен ако немате бизнис план за тоа како ќе започнете и како ќе го водите. Бизнис планот е есенцијален бидејќи ви дозволува да експериментирате на хартија пред да се впуштите во реалноста, не е важна големината на бизнис планот.

Водете го бизнисот со страст

За да успеете да водите бизнис треба да имате страст и желба, и секако да сакате да го работите тоа што го работите.

Одлучете како ќе направите профит

Профитот е цел на секој бизнис. Треба да ги знаете и искалкулирате сите ваши трошоци поврзани со бизнисот, не занемарувајте ниеден, колку и да е мал и треба да знаете/пресметате колку треба да продавате за да ги покриете сите трошоци и да почнете да генерирате профит. Ова е познато како break- even анализа.

Стартувајте со што е можно повеќе сопствени пари

Започнете скромно

Секој сака неговиот мал бизнис да биде успешен, да работи на различни локации, со многу вработени. Но, прво мора да научите да одите пред да започнете да трчате.

Ако започнете со малку средства и скромно, ќе ги преживеете полесно сопките поврзани со водење на малите бизниси. Претприемачот кој започнува со скромни операции може полесно да закрепне и да научи од своите грешки без да се впушти во големи долгови.

Ставете на хартија

Убаво би било да се прават бизниси само со едно ракување, но нема замена за писмен договор. Договорите се користат како доказно средство.

Вработете ги правите луѓе

Не го вработувајте првиот кој што ќе дојде со основите квалификации кои ги барате. Најдете некој со мотивација, креативност и вистинскиот карактер да опстане во вашата индустрија и да се вклопи во вашиот бизнис.

Секогаш имајте позитивен и колегијален однос со вработените, соработниците, партнерите

Секогаш плаќајте ги своите обврски на време!

Медија

Ohrid.