sinisa pekevskifinalОваа моја денешна колумна ќе ја посветам на нашите големи професори по економија, претприемништво и бизнис, кои во јавноста многу сакаат да се експонираат и да се претставуваат во медиумите како големи експерти и како ништо во нашата држава на економски план не може да помине без нив. Зошто одлучив да пишувам за нив? Затоа што веќе долго време работам како консултант, долги години реализирам обуки на тема претприемништво, изработка на бизнис план, самовработување, развој на бизнис план. И за се тоа време додека го работев тоа, додека ги реализирав сите тие обуки не можев да никако да разберам, и да сфатам зошто младите луѓе на кои им ги држев тие обуки, на прашањето што сакате да работите, огромен процент од нив ми одговараат дека сакаат да бидат професори.

Зошто е тоа така?

Верувам дека една од причините зошто е тоа така, е поради одговорноста која тие ќе ја имаат (немаат) како професори, ќе предваат само сува теорија, ќе немат никаква одговорност кон студентите, дали разбрале, штоа разбрале, како разбрале, а ќе имаат многу бенефити како интелекутуален кадар, професорски кадар. Многу е едноставно, на нашите универзитети и факултети предаваат професори (со чест на исклучоци) кои не излегле надвор од нивните кабинети, освен на ручеци, семинари и конгреси и кои немаат никаков допир со реалноста, т.е. праксата. Едноставно, тие што предаваат бизнис и претприемништво никогаш не работеле на пазарот на труд каде морале да се борат со конкуренција, да бараат нови пазари, да размислуваат иновативно и креативно, да обезбедуваат плата, туку длабоко завалени во удобните кожени фотељи даваат совети и мудруваат како треба да се работи.

Лесно е од позиција кога имате загарантирана одлична професорска плата, обезбедена од државата, да бидете теоретичари, да пишувате книги кои мора студентите да ги купуваат, и да барате од нив да ја знаат книгата буквално на памет, со од збор до збор научени дефиниции, а да немате поим навистина како се води бизнис, како се прави стратегија, како се прави бизнис план. Се онидував да се сетам на сите наши министри за економија и колку од нив биле професори, па добив убава бројка. Па размислував колку од нив имаа одлична репутација како професори и потоа беа успешни во нивното министерување. Искрено да ви кажам диспропорцијата беше огромна, многу такви професори, а ниеден успешен министер, се теоретичари, а практичари никакви. Затоа и не треба да се чудиме зошто економската состојба ни е толку лоша и зошто се пишуваат убави на изглед стратегии, планови, книги, а во реалноста не можат да заживеат, да се имплементираат. Тоа е затоа што тие НИКОГАШ не излегле на терен и да видат како е. Сега верувам дека еден куп такви професори ќе ги погодам директно во егото, во суетата и вербално ќе ме нападнат, кој сум јас да зборувам за ова и да кажувам вакви работи за нив, врвните интелектуалци. Но, професори, доктори на науки и академци, излезете надвор од клупите, канцелариите, фотељите и видете што се случува, и видете дали сте компетентни, способни.

Во развиените и успешни економски држави, добри професори се оние кои работат на терен, оние кои имаат вистинско искуство на пазарот, оние кои се бореле и се борат на пазарот секојдневно. Тие имаат што да им кажат на студентите, тие можат да им го пренесат своето знаење и да го развијат бизнис и претприемачкиот дух кај нив. За разлика кај нас во Макединија, професорите седат во кабинетите, имаат огромно его и мислат за себе дека се најпаметнни, иновативни и најспособните во земјава, а немаат ни 1 (еден) ден практично работно искуство.

Единствена “ДОБРА“ работа која професорите одлично ја прават и тука не можам никако да спорам, е тоа што продуцираат неверојатен број на доктори на науки, кои можеме да ги извезуваме, а при тоа задолжително тие треба да бидат нивни керќи и синови, роднини, пријатели, партиски другарчиња. Па благодарение на тоа сме високо ДОЛЕ котирани на Шангајската листа на добри универзитети, а можеби и не нема.

Медија

Ohrid.