ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Правилникот за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој, Фондот за иновации и технолошки развој објавува Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој.

  1. Опис на инструментот со поддршка

Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (во понатамошниот текст само „ПЗУ“), кои ги исполнуваат условите од Правилникот.

 

  1. Износ на средства за повикот

За финансирање проекти под овој повик за овој инструмент обезбеден е вкупен буџет од 6.000.000,00 (шест милиони) евра, односно 369.156.600,00 (триста шеесет и девет милиони сто педесет и шест илјади и шестотини) денари.

  1. Критериуми за подобност на апликантот

Подобни за финансирање под овој инструмент се апликантите кои ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Подобни активности за финансирање

Прифатливи активности за финансирање се:

  • прифаќање и спроведување на европските технички прописи во однос на безбедноста на производите;
  • подготовки за стекнување сертификати за квалитет;
  • активности за анализа, подготовка, стекнување и заштита на права од индустриска и интелектуална сопственост;
  • подготовка и спроведување на активности за подобрување на енергетската ефикасност;
  • изработка на елаборати за заштитата на животната средина;
  • подготовка и воспоставување на системи за управување со отпадот;
  • воведување на информациони системи;
  • техничка поддршка од страна на надворешни експерти за подготовка на среднорочни и долгорочни стратешки планови;
  • подготовка на развојни проекти за деловно поврзување и воспоставување на деловна соработка (во период од 3 до 5 години) со странски инвеститори и домашни претпријатија;
  • подобрување на организационата структура за задоволување на растот на фирмата;
  • специјализирани менаџмент обуки – програми за развој и на способностите на менаџмент тимовите;
  • обука за препознавање таленти (идни лидери) и креирање на програми за развој на таленти (идни лидери);
  • обука за планирање и контрола на трошоци;
  • набавка или изработка на специфичен софтвер поврзан со подобрување на организациската структура и перформансот или за подобрување на оперативните процеси кои ќе ја зголемат продуктивноста и/или процесот на планирање.
  1. Подобни трошоци за финансирање

Само трошоците направени за време на проектот во согласност со одобрениот буџет и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање

  1. Времетраење на проектот

Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 18 (осумнаесет) месеци.

  1. Начин на аплицирање

ЈАВЕН ПОВИК ПО РЕДОВНА ПОСТАПКА:

  • да ги преземе обрасците,
  • уредно да ги пополни, потпише и печатира обрасците за Проектна апликација
  • да поднесе кратки биографии на главните лица ангажирани на проектот (најмногу за пет лица);
  • да поднесе извод од Тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци;
  • да поднесе Биланс на успех поднесен во Централен регистар на Република Северна Македонија за претходните две години, освен за претпријатија кои се регистрирани во истата година кога е поднесен предлог проектот;
  • да поднесе Изјава за сопственичка/основачка структура на Апликантот (заверена на нотар).
  • Да поднесе листа/потврда за бројот на вработени кај Апликантот/претставникот на конзорциумот.

ЈАВЕН ПОВИК ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА:

  • да ги преземе обрасците
  • уредно да ги пополни, потпише и печатира обрасците за Проектна апликација
  • во случај на промени на проекниот тим да поднесе кратки биографии на главните лица ангажирани на проектот (најмногу за пет лица)
  1. Рок за аплицирање

ЈАВЕН ПОВИК ПО РЕДОВНА ПОСТАПКА: ДО 05 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА (23.59ч.)

ЈАВЕН ПОВИК ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА: ДО 27 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА (23.59ч.)

Медија

Ohrid.