SI communication е компанија за односи со јавност која за своите клиенти обезбедува професионални услуги од областа на односите со јавност, консалтингот и обуки.

Добриот ПР може да ја однесе компанијата на врвот, но лошиот ПР ве носи на дното. Затоа, ние веруваме дека е од огромно значење имиџот и ПР-от на компанијата да се гради и создава уште од првиот ден, едноставно поради фактот дека ПР-от е тој кој создава лојални клиенти; кој носи добри бизнис партнери и тој кој креира добри и професионални вработени.

SI communication силно верува дека ефективната комуникација е основа за успех во бизнисот. Создавање на моќна комуникациска кампања бара страст, јасност, креативност и на највисоко можно внимание на деталите – сето тоа го нудиме со лична услуга Нашата филозофија е Kaizen, јапонски збор кој означува "подобрување " или "промени кон подобро", и кој се однесува на филозофија и практики кои се фокусираат на континуирано подобрување на процесите во производство, инженеринг, поддршка на деловните процеси и менаџмент.

Исто така kaizen се однесува на активности, кои значат постојано подобрување на сите функции, а ги вклучува сите вработени од извршниот директор до најмалиот работник. Нашата визија е да ги инспирираме и да им помогнеме на поединците, тимовите и компаниите да постигнат врвни резултати во своето работење.

Зошто SI communication?

Затоа што ние создаваме вредност, затоа што ние од своите соработници и клиенти создаваме партнери со кои заедно се движиме напред, кон постојан напредок и на крај затоа што ние навистина се грижиме за своите партнери.

Media

Ohrid.