Секој сака да напредува, да знае повеќе, да биде на повисока позиција и да заработува повеќе. Прашањето е како тоа да го постигнеме.
Еве кои се клучните фактори што можат да помогнат во достигнување на професионален успех.
Познанства и податоци
Колку повеќе луѓе знаете, тоа подобро. Истото важи и за информациите. Ширете ја ваша мрежа на познанства и истражувајте го пазарот. Кога ќе ги имате вистинските податоци тогаш ќе знаете во која насока треба да тргнете.
Прифатете критика
На критиката гледајте како на можност за подобрување и лекција од којашто може да се научи нешто. Не се отповарувајте со тоа кој ја дал критиката, и на кој начин го направил тоа. Фокусирајте се на тоа што корисно можете да извлечете од неа.
Самопромоција
Можеби нема пресудна улога, но начинот на којшто се облекувате, изгледате, движите и се однесувате придонесува за напредок во кариерата. Трудете се да се покажете во најдобро светло, бидете љубезни, културни и сигурни во себе.
Добра работна етика
Почитта се заслужува преку добрата работна етика. Ако сте доследни на ветеното, исполнителни и вредни, успехот нема да изостане. Покажете дека не се плашите од напорна работа и дека сте подготвени за предизвици.
Ментор
Добриот ментор е вистинска предност кога станува збор за напредок во кариерата. Не само што може многу да ве научи, туку ќе ви помогне да ги зграпчите шансите и најдоброто од секоја ситуација. Менторот ќе биде водич и поддршка низ тешките моменти и човек што ќе ве поврзе со луѓе на повисоки позиции.