meeting

Без разлика колку често и да го мислиме спротивното, успешните состаноци, со соработниците, партнерите и клиентите, се секогаш во полза на нашиот бизнис. Тие ни овозможуваат да донесеме добри одлуки како група, и да дознаеме корисни информации и тоа од прва рака. Si Communication ве советува како да го подобрите квалитетот на состаноците.

1. Бидете подготвени

Не појавувајте се на состанок без претходно добро подготвено истражување во врска со темата која е на дневен ред. Размислете добро во врска со тоа што сакате да поддржите на состанокот и убаво потковајте се со аргументи и искуства. Пригответе убедлива приказна што ќе се памети. Но внимавајте, треба да поседувате и одредена доза на флексибилност, со тврди и закоравени сфаќања нема да пројдете кај останатите присутни.

2. Користи статистика

Статистиката е чист факт и сите искази кои одат против нејзините показатели паѓаат во вода. Доколку има статистика која може да ги потврди твоите тврдења, искористи ја. Доколку вашата приказна е потпрена на бројки, некој не може да ја сруши.

3. Почитувај го туѓото мислење и ислушувај ги трпеливо соговорниците

На овој начин се само што ќе дознаеш кој од соработниците во која страна се движи со размислувањето, туку и ќе добиеш поени за одличен слушател на своја страна. Покажи им дека навистина си заинтересиран за тоа што тие имаат да го кажат и дека го цениш нивното мислење. За возврат и тие ќе го сторат истото.

Медија

Ohrid.