prez

Нервозата непосредно пред јавен настап е сосема вообичаена појава. За жал, колку е побројна публиката, толку побрзо тремата се мултиплицира. Знаејќи како да останеш мирен за време на настапот, може да направи голема разлика во вашиот говор и презентација. Еве неколку совети од Si Communication за тоа како да се подготвите за таквите пригоди:

1. Облека

Кога презентираш пред публика, настапуваш исто како актер на сцена. Многу е битно како ќе бидеш перцепиран. Биди свечен ако насловот е сериозен. Претстави ја посакуваната слика пред публиката. Изгледај пријатно, ентузијастички, самоуверен, горд но не и арогантен. Остани смирен. Зборувај полека, изговарај јасно, и покажи соодветни емоции и чувства поврзани со насловот. Основај соработка со својата публика. Зборувај и на личноста најмногу оддалечена од тебе за да се осигураш дека твојот говор е доволно гласен за да се имитира дури до другиот крај на просторијата. Варираj ја јачината на тонот на твојот глас и драматизирај ако тоа е неопходно. Ако е достапен микрофон, прилагоди го и адаптирај го својот глас соодветно.

2. Говор на телото

Говорот на телото е многу важен. Стоењето и шетањето со соодветни движења на рацете и гестови на лицето е попрефериран начин на јавно говорење од седењето долу или стоењето мирно со рацето долу и читајќи од испринтана презентација.

3. Аудио-визуелни помагала

Употребувањето на презентациски софтвер како Power Point ќе ја подобри твојата презентација и сигурност. Немој многу да ја замараш твојата публика со премногу анимации, звучни клипови или бои кои не се соодветни за твојот наслов. Не ја измачувај својата публика со долги документи или со ситни букви. Осигурај се дека целата потребна обрема е поставена и е синхронизирана со презентацијата. Ако е возможно, имај дополнителен систем во случај првиот да тргне лошо.

4. Зборувај со уверување

Убеди ја твојата публика ефикасно. Материјалот кој го презентираш мора да има  логичен напредок од вовед ( соопштение за тезата), во главен дел на говорот (издржани аргументи) и на крајот заклучок (повторно потврди ја тезата, сумирај и донеси логички заклучок).

5. Белешки за потсетување

Потсетувајте се од белешките само повремено. Зборувај јасно и гласно. Звучи самоуверено. Ако направиш грешка, поправи се и продолжи, нема потреба постојано да се извинуваш.

6. Контакт со очите

Одржи искрен контакт со очите со совојата публика. Употреби го методот „3 секунди“ односно погледни дирекно во очите на некоја личност, задржи го погледот 3 секунди и префрли го на друга личност а понекогаш исправи го погледот и погледни во целата публика одеднаш додека зборуваш. Користи контакт со очите за секој од публиката да се чувствува инволвирано.

7. Зборувај и на публиката, слушај ги нејзините прашања, одговори на нивните реакции, приспособи се и прилагоди се

Ако она што го имаш подготвено, очигледно не поминува кај публиката, смени го текот на стратегијата ако си добро подготвен на тоа. Запомни, комуникацијата е клучот до успешна презентација. Ако ти недостига време, треба да знаеш што е тоа што можеш да го изоставиш без да ја нарушиш смислата на говорот а ако имаш повеќе време, што е тоа што можеш да се додадеш и ефективно да се вклопи во презентацијата. Секогаш биди подготвен за неочекуваното.

8. Паузирај

Дозволи си себе си и на публиката малку време за да го рефлектира кажаното и да размисли. Не трчај низ својата презентација и не ја оставај публиката, како и себе си без здив.

9. Хумор

Додади хумор секогаш кога е пригодно и можно. Задржи ја публиката заинтересирана за време на целата презентација. Запомни дека интересна презентација прави времето да „лета“, а здодевната е секогаш многу долга иако времето за презентирање е исто.

10. Летоци

Имајте подготвено летоци и дајте им ги во соодветно време. Кажете и на публиката пред време дека ќе се даде преглед на вашата презентација, така што тие нама да губат време замајќи непотреби белешки во текот на вашата презентација.

11. Сумирај ги главните поенти

Користи тајмер додека го вежбаш својот говор дома. Немој да ја досадуваш публиката со непотребни зборови во текот на презентацијата. На крајот, сумирај ги главните поенти исто како што нормално би направил кога пишуваш заклучок за некој труд. Запомни, постои разлика помеѓу говор и пишувани зборови. Заврши го својот говор со интересна забелешка или соодветно ударна линија.

На крајот, секогаш ЗАБЛАГОДАРИ И СЕ НА ПУБЛИКАТА !!!

Медија

Ohrid.