20 social media icons 720x203

Сајтовите за социјално вмрежување стануваат се почесто користена алатка во бизнис светот за промоција на идеите. Промоцијата преку социјалните мрежи стана популарна пред се поради тоа што е релативно евтина или сосема бесплатна, најбрзо се шири и во еден момент може да опфати многу голем дел од потенцијални клиенти. Еве кои се 4те најчесто употребувани социјални мрежи за бизнис промоција во нашава земја:

1. LinkedIn

Овој сајт е создаден за професионално бизнис вмрежување и претставува примарна локација за бизнис профилот на компанијата. Доколку вашата таргет група не се исклучително млади луѓе на возраст до 30 години, задолжително отворете LinkedIn профил на башиот бизнис.

2. Facebook

Самата бројка од 700 милиони активни профили на овој сајт, зборува за тоа дека доколку сакате да бидете забележани и присутни, мора да бидете дел од ова големо Facebook семејство. Многу е голема веројатноста дека најголем дел од вашите клиенти веќе имаат свои профили и голем дел од потребните информации ги црпат преку истиот. Искористете го и вие да се промовирате и да им ја пренесете пораката која сметате дека треба да ја знаат.

3. Twitter

Twitter испорачува „тон информации“ за една минута. Тој е одлично место за ваше бизнис вмрежување и бидејќи обезбедува поврзување со масовна количина на луѓе.

4. Youtube

Ако треба да објасниш некој концепт, избери забавен начин да го сториш тоа. Youtube може многу да ви помогне во тој поглед. Секогаш е позабавно да се погледне некое кратко видео клипче отколку некоја долга статија. Бидете иновативни и пренесете ја својата порака преку Youtube и ќе се изненадите до нивотот на успех кои ќе го достигне.

Медија

Ohrid.