sinisa pekevskifinalДневник, 11.03.2012

Оваа моја денешна колумна е продолжение на минатата каде пишував за менаџерите во Македонија и нивната способност да профитабилно да работат и успешно да функционираат. Идејата да продолжам да пишувам на оваа тема ми даде еден текст во еден наш дневен медиум каде беа презентирани фрапантни податоци за помошта која ја добиваат јавните претпријатија во покривање на нивните загуби, кои се мерат во милионски суми на евра, зависно од претпријатијето, општина Центар ќе ги покрива загубите на ЈП Паркинзи со 100.000 евра, градот Скопје го финансира ЈСП со 2.500.00 евра, Комунална хигиена со 1.500.000 евра и многу, многу итн.

Не сакам да се повторувам, но во минатата колумна напишав: Да бидеш менаџер(директор) значи да се грижиш целиот процес да функционира како што треба, да се грижиш сите елементи да функционираат правилно, да се грижиш да нема застој во работата и да се грижиш сите вработени да се среќни и со ентузијазам да ги извршуваат своите задачи и својата работа и на крај да остваруваш профит.
Што значи да бидеш директор во Македонија на некое државно претпријатије, значи да бидеш ослободен од секаква одговорност, дека некој друг ќе ги покрива твоите загуби, дека не треба да се грижиш да работиш профитабилно и да остваруваш позитивни резултати. Ако нешто не ви чини излези во медиумите и жали се колку е тешко, дека не е твоја одговорност, кажи дека таквата состојба си ја наследил и дека не можете никако да ја поправите ситуацијата и дека владата, градоначалникот, градот треба да ви помогнат и покријат вашите загуби. Во моментов актуелни се неколку рекламни кампањи со кои се поттикнува и стимулира претприемништвото кај младите луѓе, отварање на нови бизниси како и неколку акции со кои младите невработени луѓе треба да се стекнат со дополнителни вештини и знаења како би се вработиле побрзо. Овие мерки се презеемаат бидејќи направените истражувањата покажуваат дека огромен процент од невработените луѓе се млади луѓе и огромен процент од нив сакаат да се вработат во државната администрација. Е сега, јас не можам никако да разберам и сватам, од една страна се сака да се поттикне претприемачкиот дух кај младите, да стартуваат и започнат со свој бизнис, а од друга страна се наградуваат неработниците. Јас до сега не слушнав некој од директорите на јавните пртепријатија да е сменет и разрешен од должноста поради неговите лоши резултати и лошо извршување на должноста. Се прашувам дали навистина се мисли дека со рекламни кампањи ке се натераат младите да започнат со свој бизнис, кога во реалноста гледаат дека е многу подобро да влезеш во партија и да се избориш за функција директорска? Се додека навистина во реалноста не се наградуваат или казнуваат директорите за резултатите, се додека не постои одговорност кај нив, нема да се развие претприемачкиот дух.
Бидејќи работам како консултант, одржам обуки на тема претприемништво и изработка на бизнис план, и во почетокот не можев да никако да разберам, но сега се повеќе ги сваќам и ги разбирам младите луѓе на кои им ги држам тие обуки, на прашањето што сакате да работите, дел од нив ми одговараат директор во некое државно претпријатије, јавно претпријатије или институција. Сега и сваќам зошто!

 

Синиша Пекевски
Консултант

Медија

Ohrid.